Оваа диета моментално го доживува врвот на својата популарност, а нејзиното основно правило е за појадок да јадете банани со чашка или две млака вода.
За појадок е потребно да изедете една банана, а максималната дозволена количина се четири банани секое утро.
Останатите оброци потребно е да бидат полесни, помали и почести. Некои посебно строги правила, во врска со остатокот од исхраната во текот на денот не постојат.
Јадете нормално за ручек и вечера, но немојте да претерувате. Оригиналната диета трае од седум до дванаесет дена.
Кафе и чај
Дозволено е од време на време да се напиете чај без шеќер или пак кафе, но сепак се препорачува да ги избегнувате овие пијалаци при држењето на оваа диета.
Алкохол
Единственото нешто што е важно за оваа диета да биде успешна, всушност е целосното исфрлување на алкохолот.
Слатки
Ако не можете да им одолеете на слатките, јадете малку црна чоколада, но најдоцна до 15 часот. Ако сакате солени грицки, подгответе си пуканки со минимални количини на масло и сол.
Вечера
Последниот оброк потребно е да го јадете околу 20:00 часот, иако најидеално би било да не јадете воопшто после 18:00 часот.