Роџер Федерер, петкратниот освојувач на УС опен, сега доживеа елиминација во осминафиналето од 55 тенисер на светот – Џон Милман. Австралиецот оствари сензационален триумф, победувајќи го Швајцарецот со резултат од 3:1 во сетови, односно 3:6, 7:5, 7:6, 7:6.
На овој начин Милман спречи четвртфинален класик помеѓу Федерер и Ѓоковиќ на Гренд Слемот во Њујорк, па токму тој ќе биде тенисерот кој ќе се бори за пласман во полуфиналето со српскиот тенисер.
Ѓоковиќ претходно го доби Жоао Соусу и целиот свет чекаше на нова, 47 страница од големото ривалство помеѓу двајцата великани, но се чини дека еден човек сепак имаше поинакви планови.
За нешто повеќе од половина час Федерер го доби првиот сет, па сите веќе овој меч го гледаа како рутинска победа за Швајцарецот. Меѓутоа, не беше јасно зошто тој се однесуваше премногу нервозно, па во продолжение правеше и доста грешки.
Милман константно држеше високо ниво на игра, односно не сакаше да отстапи од својата тактика, а клучниот момент се случи во четвртиот сет, кога успеа да се врати после направен брејк и сега за прв пат ќе се најде во четвртфинале на некој Гренд Слем.
Ѓоковиќ и Милман досега имаат одиграно само еден меч, кога Србинот забележа лесна победа.
Останува да видиме дали Милман е подготвен за уште една сензација и пласман во полуфиналето.