Клаудио Маркизио во текот на вчерашниот ден и официјално стави потпис на двегодишен договор со тимот на Зенит откако претходно спогодбено го раскина договорот со неговиот Јувентус.
Италијанскиот интернационалец имаше неколку понуди на маса за продолжување на кариерата, а ја прифати таа од Русија затоа што беше најбогата од сите. Маркизио во Зенит ќе заработува цели шест милиони евра по сезона.
Ова е многу поголема плата за Маркизио од таа што ја заработуваше во Јувентус каде земаше три милиони евра по сезона.
За 32 годишниот играч од средниот ред постоеше интерес и од Монако и Виљареал, но на крајот парите победија па тој во следните две сезони ќе го носи дресот на рускиот гигант, Зенит.