Според резултатите од eдно истражување, мед од поднебјето на Ирска содржи подеднакво значајни супстанции како манука медот, кој се смета за најздрав во светот. Во студијата здравствените предности на ирскиот мед се споредени со оние на манука медот.
Во последните неколку години манука медот важи за една од најпопуларните намирници меѓу љубителите на здрава исхрана. Факт е дека медот е скап бидејќи е многу здрав, богат е со антиоксиданси, делува антибактериски и антивоспалително.
Но, најновите истражувања сугерираат дека и ирскиот мед ги има истите здравствени придобивки. Ирскиот мед содржи многу моќни антиоксиданси значајни за човековото здравје.
Научниците исто така откриле дека темниот мед има поголема содржина на антиоксиданси во однос на светлиот мед.