Агендата за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел се уште не е прецизирана, но нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Бошњаковски нагласи дека посетите и на Меркел и на австрискиот канцелар Курц се билатерални.
– Агендата за посетата на Меркел веќе се утврдува и кога ќе биде прецизирана, ќе биде и соопштена, истакна Бошњаковски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Тој потврди дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг вечер доаѓа во Скопје. Информира дека се предвидени средби со премиерот Зоран Заев и заедничка прес-конференција, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и посета на касарната „Илинден“.