Ѓоковиќ против Нишикори во полуфиналето на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД, откако рано утрово го победи Џон Милман од Австралија.

Иако од резултатот (6:3; 6:4 и 6:4) се добива впечаток дека Србинот лесно дојде до победата, сепак мечот траеше речиси три часа и во него се водеше голема борба за секој поен.

За Ѓоковиќ ова е 33. Полуфинале на Грен слем турнирите во неговата кариера и 11 во низа на УС Опен.

Негов противник во мечот за финале ќе биде јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.

Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат Рафаел надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).

Треба да знаете
Последни објави