Тачи сака превод на глас на Албански – се расправаа со Фатиме во судницата
Обвинетиот лидер на ДПА, Мендух Тачи, не го прифати предлогот на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, во предметот „Титаник 2“ преведувачот од македонски на албански јазик да седне до него во судницата.
Фетаи предложи да се преведат сите записници на албански јазик и да му се преведува усно на Тачи, а тој вели „Апсолутно не сум имал манипулативни тенденции за ова прашање. Тоа право за кое говори обвинителката ми следува и во Јапонија, Зимбабве. Тоа не е мајчин, туку службен јазик“.
Половина час Фетаи и Тачи се расправаа за јазикот.
Судењето за предметот „Титаник 2“ е одложено за 1 октомври.