Три месеци условна казна за полицајците кои го фотографираа Чавков во Идризово
Условни казни затвор од три месеци добија двајца полицајци за неовластено фотографирање и објавување на фотографијата од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во затворот во Идризово. Ова го потврдиле од кривичниот суд за А1он.
Обвинителството поднесе казнени налози за двајца обвинети.
-Донесена е неправосилна првостепена пресуда, со која двајцата обвинети се огласени за виновни за кривичното дело Неовластено снимање од член 152 с. 2 в.в. ст.1 од К3 и им се опреледува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 3 месеци затвор, кој нема да се реализира, доколку во следните 2 години не сторат друго кривично дело-велат од судот за А1он.
На 30 ноември 2017 година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност, го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.
Според Обвинителството, првообвинетиот во приватна порака преку социјалните мрежи им ги испратил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и второобвинетиот, кој понатаму фотографијата ја споделил и со уште двајца униформирани полициски служебници.
Извор: А1.он