Утре во 18 часот ќе грми во Скопје, артилериска стрелба по повод Денот на независноста
По повод 8-ми септември, Денот на независноста, утре, 7-ми септември 2018 година (пeток), со почеток во 18.00 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на АРМ, информира прес службата на Армијата.
Претходно, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија.