Адвокатката Сања Алексиќ и уште неколку адвокати на денешното рочиште за 27 април упати приговор за начинот на кој обвинителката Вилма Русковска ги поставува прашањата упатени кон сведокот Мухамед Зеќири.
„Секое прашање од типот ‘дали ова или она’ е наведувачко“, рекоа адвокатите на обвинетите.
На денешното судење за насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година пред судот сведочат пратеникот Мухамед Зеќири и актуелниот градоначалник Петре Шилегов.