Д.Н.(52) од скопско Мралино вчера попладне управувајќи автобус ,удрил во 11 годишно дете од Скопје на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
-По незгодата, со возило на брза помош детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На патничка во автобусот, Ж.Ј.(48) од Скопје и била укажана лекарска помош во Градска општа болница “8-ми Септември” каде и биле констатирани телесни повреди, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.