Владата упатува извинување до Република Австрија и до канцеларот Курц
Откако од Владата направија грешка и денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц го пречекаа со погрешно знаме, упатија јавно соопштение со извинување.
– Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија. Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, се вели во соопштението.