Мијалков бара бомбите за Бошковски да се слушаат зад затворени врати, Судот го одби
Адвокатот на обвинетите Љупчо Шврговски, повикувајќи се на меѓународното право и европската судска пракса, од Судот побара јавноста да биде исклучена од судењето бидејќи снимките кои денес треба да се слушнат во судница имале содржина од приватниот живот на првообвинетиот Сашо Мијалков и неговиот соговорник.
Сепак, судот не го прифати барањето на одбраната и повеќето од „бомбите“ во врска со овој случај ќе се слушаат со присуство на јавноста. По одбиеното барање, во судницата беше пуштен разговор меѓу обвинетиот Мијалков и Драган Павловиќ-Латас, кој веќе се знае во јавноста.
Во „Тортура“ се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, во врска со апсењето на лидерот на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, веднаш по изборите во 2011 година.