Австрискиот канцелар Курц денеска беше пречекан со погрешно знаме пред Владата

Австрискиот канцелар Курц денеска беше пречекан со погрешно знаме пред Владата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска е во официјална посета на Република Македонија, беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата, каде со премиерот Зоран Заев минаа пред построената гарда. Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското (десно) е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Внатре во Владата беше поставено точното знаме – австриското.

 

Треба да знаете
Последни објави