Меркел пристигна во посета на Македонија
Со највисоки државни почести денеска беше пречекана германската канцеларка Ангела Меркел која пристигна во официјална посета на Македонија, а ја почнува со средба со премиерот Зоран Заев, која е предвидено да трае еден час, по што следува нивна заедничка конференција.
Се очекува канцеларката да даде јасна поддршка за излезност на референдумот на 30 септември, и да ги повика граѓаните да гласаат. Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија, со исклучок на онаа посета од тогашниот канцелар Герхард Шредер во 1999-та година за време на косовската криза.
Првата посета Заев- Меркел беше на маргините од Самитот во Трст во јули минатата година, кога Меркел даде поддршка за новата влада, но и поттик да се спроведат потребните реформи кои Македонија треба да ги спроведе за влез во ЕУ и НАТО.