Средба Меркел – Мицкоски во Германската амбасада траеше околу 20 минути
Тој не сакаше да открие повеќе детали од средбата од Меркел, која траеше околу 20 минути.
„Ова беше тет-а-тет средба со канцеларката Ангела Меркел. Беше пријателска средба, како лидери на две сестрински партии. Главен акцент на разговорите беше претстојниот референдум. Јас ги истакнав позициите на нашата партија, зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор со Грција. Ја запознав со нашата акција ’Лето за Македонија‘, која е во тек, укажувајќи дека ние како партија ќе се ориентираме според волјата на граѓаните. Во текот на наредната недела ќе имаат состанок партиските тела и конечно ќе ја утврдиме нашата позиција за референдумот на 30 септември“, рече Мицкоски.