Марјанче Стојановски, градоначалникот на општина Демир Хисар од редовите на СДСМ, кој беше повикан на информативен разговор во полициска станица поради заканите кон вработените, во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година.
Протестот се одржал поради промена на две учителки во други подрачни училишта, информираат од полицијата.
По насока на Јавно обвинителство во Битола, Стојановски по разговорот е пуштен од полициската станица, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување, додаваат од МВР.
Градоначалникот на Демир Хисар во пресрет на референдумот, како што можеше да се забележи на видеото кое излезе во јавноста, им се заканувал на вработените во училиштата дека ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Вработените во општината пак добивале закани за преместување од нивните работни места и отпуштања.