Уапсен 71 годишен старец од Скопје на скопскиот аеродром

71 годишен маж од Скопје вчера попладне е приведен на аеродромот во Скопје, информира МВР.

„На 09.09.2018 година во 18.00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.Р.(71) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А“ (апси). Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од полициска станица  за понатамошна постапка.“ – стои во билтенот на полицијата

Нема информации за што се барало апсење на 71 годишниот старец.

Треба да знаете
Последни објави