Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес и утре ќе учествува на традиционалниот, 13-ти по ред „Бледски стратешки форум 2018”.
Бледскиот Стратешки Форум 2018, кој во својот концепт вклучува не само политичка, туку и општествена компонента, оваа година се очекува да биде досега најголем, со 24 различни панели, на кој ќе присуствуваат околу 1000 учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени.
Заменик министерот Андреј Жерновски ќе има свое обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?”.
Жерновски се очекува да оствари и билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот, во функција на информирање на соговорниците за претстојниот рефрендум, како и дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата.