Забременила од донатор: Кога се обидела да го пронајде се случи нешто неверојатно
Многу девојки и девојчиња имаат слични идеи за љубовта и животот.
Лесно е да се поверува дека на крајот ќе се случи токму како на филм – она кога убава девојка несреќно се вљуби во некој незнајко, спортист, кој ужасно се однесува кон неа, но потоа запознава неверојатно момче кое „воопшто не е нејзин тип“ но резултатот е епска пресметка меѓу двајца момци кој да го придобие нејзиното срце? Да тој филм, но животот нималку не е сличен на филм. Ова никој подобро не го знае од Амине Харт.
Нејзината приказна не е нималку слична со некоја што сте ја чуле.
Амина, како и многу девојки, пораснала верувајќи дека еден ден ќе се појави принцот на белиот коњ и семејството ќе живее среќно до крајот на живот. За жал, тоа и не баш така. Романтичниот аспект од нејзиниот живот почнал добро, запознала човек кого го сакала, тие се венчале и набрзо го добиле првото дете. Го крстиле Марлон.
Сепак набрзо сфатиле дека нешто не е во ред со Марлон.
Малечкиот Марлон имал некои рани компликации и по само четири месеци, првороденчето на Амина починало. Лекарите и рекле дека тоа е поради генетско пореметување и не биле во состојба правилно да постават дијагноза. Загубата на Марлон ги уништило родителите и на крајот довело до проблеми во нивниот однос, и на крајот се развеле.
Пред да сфати, Амина го загубила целото семејство.
Амина сепак не губела надеж. На крајот запознала нов човек и тие двајцата одлучите да се обидат да имаат бебе. 9 месеци подоцна, Амина го родила вториот син, Луис. Меѓутоа трагедијата пак следувала и бебето Луис починало само два месеци по својот прв роденден. Амина почнала да ја губи вербата и надежта дека некогаш ќе биде мајка што отсекогаш посакувала.
Сепак овој пат лекарите ја нашле причината.
Смртта на двете деца била предизвикана со состојба која таа им ја пренела и се вика “X-linked miotubular miopatija” – Состојба која влијае на мускулите кои се користат за движење. Амина се исплашила дека никогаш нема да роди здраво бебе, а очајно сакала да стане мајка.
Следела најтешката одлука во нејзиниот живот, посебно што постоела шанса 1 спрема 4 да роди бебе со иста состојба што ги убила нејзините две деца.
Мислела долго и напорно и на крајот одлучила на мајчинството да му даде последна шанса. Кон крајот на 2011 година, таа избрала донатор по име Скот Андерсен, а 9 месеци подоцна родила здраво бебе, девојче по име Лејла. Амина не можела да верува! По толку болка и трагедии, конечно го добила тоа што отсекогаш го сакала, здраво бебе. Но тоа не е се.
Се се променило кога заедно со Лејла отишле да го запознат нејзиниот билошки татко.
Скот Андерсен бил повеќе од среќен да ги запознае Амина и нејзината ќерка и на крајот се сложиле да продолжат да се гледаат на секои неколку недели. Скот и Лејла веднаш формирале врска, но работите почнале да цветаа и меѓу Амина и донаторот.
Амина се уште не знаела, но работите станувале многу интересни…
Амина и таткото на нејзиното бебе почнале да се гледаат лежерно, што довело до сериозна врска и по некое време тие се вериле. После вакво долго патување, исполнето со тага и скршено срце, Амина конечно го пронашла тоа што од секогаш го сакала.
Нејзината приказна совршено ја покажува мистеријата што ја опружува љубовта. Ние можеме да мислиме дека некои работи ќе се случат на одреден начин, а во стварноста никој не може да предвиди што животот има во план за секој од нас.
Зошто и покрај се, љубовта може да се случи кога најмалку се надеваме.