Министерот за внатрешни работи и потпретседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски вчера беше во посета на Кичево, кеде оствари средби со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.
Пред присутните Спасовски зборуваше за придобивките за Македонија со влезот во Европската унија и НАТО сојузот.
„Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, обезбедуваме мирен сон, на нашите семејства на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања кои што 28 години демнеа над Република Македонија“ рече Спасовски.
Спасовски ги повика граѓаните без разлика на нивната верска, национална, етничка или политичка припадност, да се вклучат во процесот за интеграција во ЕУ и НАТО, на 30 септември да излезат на референдумот и да гласаат ЗА и со тоа да придонесат да се оствари сонот на претходните, сегашните, но и како што рече на идните генерации.