Фејсбук им го спасил животот на двајца туристи во Бали
Мајкл Литкот и Стејси Ено доживеале сообраќајна несреќа на мотоцикл, откако забрзале на надолнина, по што завршиле во ендек.
„Не престигна едно комбе и ја забележав кривината. Сопирачките престанаа да работат, што ни остави многу малку време за да може да направиме некаков потег, објаснува Литкот.
Двојката, која пристигна на Бали само седум часа претходно, завршила во ендек.
„Ми се чинеше дека половина од ‘рбетот ми е скршен. Не можев да се движам, но ништо не можев да да видам. При обидот да направам движење, чувствував дека се лизгав уште подлабоко во ендекот“, објаснува туристот.
Ено исто така била повредена.
„Во тие моменти мислев дека ќе умреме, зошто никој не знаеше каде сме, двајцата бевме повредени, и за неколку минути не можев ниту да се сетам како завршивме во ендекот“, вели Литкот.
Во несреќата, неговиот мобилен телефон со индонезиска SIM картичка му излетал од џебот. За среќа, тој и натаму го имал својот американски телефон во џебот. Штом се сетил на тоа, отворил Фејсбук и во очај побарал помош.
„Помош. Ние сме во опасност. Повикајте полиција“, напишал Литкот на социјалната мрежа.
Пријател од Лос Анџелес брзо успеал да го лоцира, откако тој му испратил податоци на „Ватсап“. Друг пријател во Прага го пребарал броевите на локалните конзулати, а трет од Холандија ја повикал локалната полиција.
„По само неколку минути човек по име Џо ми се јави од конзулатот и рече дека помошта е на пат. Му реков дека мојот ГПС регистрираше хотел во близина и дека ние сме пред него, по што батеријата ми се испразни“.
И Мајкл и Ено имале повеќе фрактури, а Мајкл ќе може да се врати во својата родна Атланта веднаш по излегувањето од болницата.