Груевски во судот доцнеше околу 10 минути на главната расправа за ТНТ во Кривичниот суд
Продолжи главната расправа за ТНТ во Кривичниот суд, случај кој води Специјалното јавно обвинителство. Предметот е во доказна постапка. На екраните во судската сала се пуштаат снимки од Собрание од крајот на 2011 година, поврзани со надзорната расправа за станбено – деловниот објект Космос.
Првообвинетиот поранешен премиер Никола Груевски во судот доцнеше околу десетина минути, преостанатите обвинети, меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, во Кривичен стасаа навремено.
Уривањето на комплексот Космос почна летото во 2011 година.
Извор: Либертас