На 08.09.2018 година во 13.50 часот на паркинг пред булевар “Јане Сандански” во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(22) и М.Н.(29) двајцата од Скопје поради недоразбирање околу разминување со нивните возила. Излезено е на местото на настанот, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.