Кога се стремиме кон релаксација, состојба на смиреност и безгрижност, всушност сакаме да се опуштиме, психички и физички да се одмориме. Но, што навистина се случува во нашето тело додека се релаксираме?
Низ каква состојба минува нервниот систем и како релаксирањето влијае на нашите размислувања, чувства, имуниот систем, дигестивниот систем и слично.
1. Опаѓање на штетните хормони
Релаксацијата може да помогне во опаѓањето на кортизолот, стрес хормон кој ако долго време остане покачен во организмот може да предизвика висок крвен притисок. Високото ниво на кортизол може да влија на квалитетот на сонот, да создаде негативно расположение и слично. Кога се релаксирате нивото на кортизол се нормализира.
2. Подобрување на фокусот
Кога сме под стрес на телото му е потребно поголема енергија со цел да се справи со ситуацијата. Ова резултриа со анксиозност и недостаток на фокус, со оглед на тоа што целата енергија се фокусира да се одбрани телото во ситуација на стрес. Релаксирањето ќе го врати телото во рамнотежа и ќе го ослободи од непотребниот адреналин, што значи дека ќе имате поголема енергија, физички и ментално.
3. Мозочните бранови може да се сменат на подобро
Истражување од 2010 година сугерира дека медитирањетo придонесува во промени на мозочната активност. Научниците откриле дека за време на медитација тета мозочните бранови биле во изобилство во предните и средишните делови на мозокот. Кога мозокот е во тета состојба е способен за подлабоко размислување и учење. Преку медитација стануваат поактивни, го намалуваат стресот и го подобруваат учењето.