100 милиони евра за македонските мали и средни бизниси
Со 100 милиони евра кредити од Европската инвестициона банка малите и средни компании ќе може да купат нова опрема, транспортни средства, градежни материјали, машини…
Кредитната линија ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки.
– Ги очекуваме првите апликации за кредити некаде во втората половина на месец октомври. Како и досега износот на сите средства ќе се движат од 6 илјади евра до 3 милиони евра, кој ќе опфати микро компании, но и мали и средни компании. Драган Мартиновски, главен извршен директнор на Македонска банка за поддршка и развој.
Кредитната линија ќе биде достапна наредните 2 години. Очекувањата се да биде понудена по пониска каматна стапка од околу 3,5%, со рок на враќање од 12 години со грејс период од две до 4 години, во зависност од проектот.
– Како што се забрзува процесот на интеграција со ЕУ присутноста на ЕИБ ќе се зголемува.Нашата поддршка во изминатите години допринела да се создадат околу 6 илјади нови работни места во вашата земја во речиси 2 илјади мали и средни комапнии. Ендрју МекДауел, заменик-директор на ЕИБ.
Оваа привилегија е потврда дека економијата расте, смета премиерот. Европската унија ги препозна позитивните сигнали од македонската економија. Тој ги охрабри компаниите да аплицираат.
Ова не е единствената поддршка што Владата ја нуди за малите и средни компании. Во буџетот се предвидени 1,1 милијарда денари за поддршка на ваквите компании и дополнителна една милијарда денари за активни мерки за вработување, истакна министерот за финансии.
Европската инвестициона банка, земјава- досега ја има поддржано со 450 милиони евра.