Јаболката или „кралицата на есента“, како што уште се нарекува ова вкусно овошје, содржи и до 40 отсто витамин Ц, а изобилува и со витамините А, Е, Б1, Б2 и Б6. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо. Јаболката има и силни антиоксидативни својства, а општо е познато дека една јаболка дневнo придонесува за подобро здравје.
Јаболката најчесто се јаде сирова, меѓутоа може и да се пече, готви, суши, да се преработува во сокови, мармалади, џемови, а познат ни е и јаболковиот оцет.
Просечно, водата сочинува 82 отсто од тежината на плодот, јаглехидрати има околу 12 отсто, масти околу еден отсто, а целулозата се наоѓа во плодот, во количина од околу еден отсто.
Јаболката содржи и шеќери, органски киселини, а во многу мали количини и сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини, арома и боја. Јаболката е богата со протеински влакна и има благородно дејство за метаболизмот, посебно кога ги јадете со житарици.
Во продолжение прочитајте за што е корисна јаболката:
Против подуен стомак и расипан желудник – неколку недели, три пати дневно јадете по една кисела јаболка од средна големина, еден до два часа пред или после оброк.
Против дијареја – јадете изрендана јаболка или компот од јаболка. Посебно се препорачува користењето на кисели јаболка.
За подобро варење – редовно јадете печени или готвени јаболка, или пак компот од јаболка, посебно во зимскиот период. Се препорачува после појадок и вечера да се јадат по две свежи јаболка. Терапијата трае пет дена.
За држење на диети – бидејќи таа не содржи многу калории (100 грама јаболка имаат околу 40 калории), таа е добар избор и при држењето на диети.
Ова се само некои од придобивките кои „кралицата на есента“ ги има по вашето општо здравје, па поради тоа не пропуштајте и оваа есен да консумирате секојдневно јаболка.