Мислела дека има обичен мамурлак, а потоа ја дознала страшната вистина
24 годишната Хоуп Стрингер имала силни главоболки, кои мислела дека и се од мамурлак. Таа излегла една вечер со своите пријатели, а последиците ги осетила одмата наредното утро.
Меѓутоа, откако главоболката траела подолго од една неделам почнал да и се мати и видот, да се чувствува се поуморно. Секако не мислела дека е нешто сериозно, туку дека е од умор на работа.
Кога го посетила конечно лекарот, дијагностицирана и е хронична мигрена и препишани и се лекови против болки. Откако симптомите продолжиле, повтроно отишла на лекар, каде само го добила истиот одговор.
Хоуп имала и приватно здравствено осигурување, преку својата работа, па барала и второ мислење и скенер.
„Доволно добро се познавам самата себе, да знам дека нешто не е во ред“, кажала Хоуп.
За жал скенерот покажал присуство на тумор на вратот, кој бил толку длабок, поради што не ни чекале биопсија, туку веднаш направиле операција.
Хоуп отсуствувала од работа неколку месеци и таман кога сите мислеле дека стварите се подобруваат, откриен и е уште еден тумор. Поради него морале да и ги отстранат гласни жици, па сега потешко зборува, но кажано и е дека тоа ќе се поправи со вежбање.
„Многу сум позитивна околу мојата иднина и не можам да дочекам да почнам повторно да го живеам својот живот. Ова искуство дефинитивно ме промено како личност на подобро, сега сум навистина благодарна за секој ден. Сакам луѓето да бидат свесни за знаците и симптомите и да направат нешто по тоа прашање што побрзо. Да не одев упорно кај лекар, искодот денеска ќе беше друг сигурно“, вели Хоул.