На 10.09.2018 година во 18.00 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(34) од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Република Србија, со привремен престој во Скопје.
Од ударот пешакот Ф.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекраска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје