Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел во четврток ќе допатува во Македонија.
Планирано е тој да оствари средби со премиерот Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот.
Претходно Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународната конференција во Тбилиси и ќе ја изрази американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.