Ердоган: Целиот свет ќе ја плати цената поради Идлиб

 Офанзива на сириската армија против бунтовниците во провинцијата Идлиб би предизвикала хуманитарни и безбедносни ризици, чија цена би можел да ја плати целиот свет, порача турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Офанзива на сириската армија во провинцијата Идлиб ќе предизвика хуманитарни и бебзедносни ризици по Турција, Европа и други континенти“, оценува Ердоган.

Сириски и руски авиони минатата недела ги возобновија воздушните напади врз бунтовниците во Идлиб, што би можело да претставува вовед во копнена офанзива на владините сили против последните бунтовнички упоришта во Сирија.

„Сите членки на меѓународната заедница треба да ја прифатата својата одговорност во пресрет на очекувната офанзива во Идлиб. Последиците од тоа се огромни“, истканува Ердоган.

Тој оценува и дека и Русија и Иран носат одговорност за избегнување на хуманитарна катастрофа во Идлиб и ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок за изнаоѓање политичко решение за Сирија.

Треба да знаете
Последни објави