Потпретседателот Јанчев: Не се согласувам со одлуката на ВМРО – ДПМНЕ за референдумот
Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски.
-Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата – вели Јанчев.