Како воопшто ја засакуваме мрсната храна? Науката даде одговор и на тоа прашање, а главен виновник е мајчиното млеко.
Мајчиното млеко е „виновник“ затоа што сакаме храна богата со масти.
Под влијание на мајчиното млеко ние силно реагираме на храна богата со јаглехидрати и масти и ја сметаме за посебно задоволство, поради тоа што е клучна за преживување.
Тим на експерти покажа дека мрсната храна, како и храната богата со јаглехидрати активираат ослободување на допамин во мозокот, хормон кој е одговорен за чувството на среќа, а комбинацијата на овие два вида на храна го зајакнува тој ефект на задоволство, поттикнувајќи чувство на ситост.Тоа е причината и поради која не прекинуваме со јадење дури и кога сме сити.
Токму тоа чувство на задоволство кај некои луѓе доведува до зависност од нездрава храна, како што се слатките и чипсот.