13 години затвор за злоставувањето на штитетничката од домот „Ранка Милановиќ“

13 години затвор за злоставувањето на штитетничката од домот „Ранка Милановиќ“

13 години затвор за трговија со дете доби Мајмире Дестанова која ја продавала по градови, во кафани и на таксисти и се заканувала и ја тепала 12 годишната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“. По 12 години затвор, што е минимална казна за трговија со дете, добија Ерол Јашаров и Сезар Раимов кои сексуално го злоставувале и малтретирале девојчето. Сите тројца на денешното судење признаа вина и рекоа дека се каат.

Дестанова се обиде да ги разубеди судиите и дека не знаела дека девојчето е малолетно. По ова обвинителката побара соодветна казна која ќе одекне во јавноста и ќе испрати порака дека децата не смеат да бидат злоупотребувани и сексуално искористувани туку напротив, заштитувани. Дали ќе се жали на пресудата рече ќе одлучи откако ќе го добие писменото обралзожение. Адвокатот на Дестанова начелно е задоволен но сепак ќе поднесе жалба во надеж дека апелација ке и ја намали казната. Прашува каде е одговорноста и на институциите кои требале да се грижат за девојчето.

И по повеќе од половина година одкако труд и социјала поднесе кривични пријави против 11 стручни лица од Центарот за социјални работи за несовесно работење во служба и запуштање на дете, скопското обивнителство се уште води предистражна постапка и велат дека во овој момент не можат да споделат повеќе детали. Од ресорното министерство велат и дека ги завршиле 12 дисциплинските постапки, но не откриваат каков е исходот, дали и кој бил санкциониран. Од труд и социјала велат дека стручен тим се уште работи со девојчето жртва.

12 годишното девојче повеке од два месеца била надовор од домот „Ранка Милановиќ“ а страдањата и траумите што ги преживувала детално се опишани во обвинението. По речиси секојдневната сексуална експлоатација првообивнетата организирала и присилен брак за девојчето. Голготата најверојатно ќе продолжела но откако Дестанова открила дека девојчето е во рана бременост, од Охрид и купила автобуски билет за Скопје и рекла да абортира и пак да се врати, заканувајки и се дека ако ја открие ќе и го упропасти животот.

Треба да знаете
Последни објави