Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата

 Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија.

На 30 септември 2016 година во Јавно претпријатие – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

Треба да знаете
Последни објави