Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе има средба со помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, кој денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што инфомираат од македонското МНР, се очекува министерот Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да разговараат за натамошно интензивирање на партнерските односи меѓу двете земји и поддршката на САД кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, како и за актуелности во пресрет на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември.