Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод
Во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод крај автобуската простројка во с.Русјаци, едно лице загина, а едно е повредено. Несреќата се случила кога товарното возило марка „Фиат“ изгубило контрола и излетало од коловозот, притоа удирајќи во дрво.
Возачот З.Р. (60) на пат кон болница им подлегнал на повредите, додека сопатникот С.А. (28) поради сериозноста на повредите пренесен во клиничкиот центар во Скопје. На телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.