Маж се здобил со тешки повреди кога паднал од приколка на камион

Вчера на магистралниот пат А-1, кај место викано „Св.Петка“, Ж.Ј.(55) од село Марена паднал од приколка на товарно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки.

„Возилото било управувано од Ј.А.(52) од село Ѓопчели, а Ж.Ј. паднал во моментот кога возилото излегувало од земјена површина за да се вклучи на магистралниот пат, при што се здобил со тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

По укажаната помош во Јавната здравствена установа Валандово, тој бил пренесен во Медицински центар Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово.

Треба да знаете
Последни објави