Мицкоски: Ќе одбијам амнестија за Груевски и Мијалков, доколку ми биде понудена
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 на прашањето дали ќе прифати амнестија за Никола Груевски и Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референудмот, рече дека ќе одбие.
-Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Едносглавно ЦК му даде легитиметет на овој став, рече Мицкоски.