Млад скопјанец нападнат во Лисиче-напаѓачите среде бел ден му барале пари
Млад скопјанец нападнат во скопско Ново Лисиче.
– На 12.09.2018 година во 17.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека истиот ден околу 14.00 часот на булевар „АСНОМ“ Ј.З.(28) од Скопје бил физички нападнат од три непознати лица. Тие најпрво му побарале пари, по што и физички го нападнале. Едно од лицата извадило и нож и го повредило Ј.З. во пределот на раката. Напаѓачите побегнале, а на Ј.З. му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.