Спиењето со отворена уста може да предизвика проблеми со забите, а во екстремни случаеви би можеле и да останете без нив.
Струењето на воздухот помеѓу забите ја суши плунката која инаку ги чува забите. Може да биде штетно како и честото пиење на газирани пијалаци.
Од истата причина, со помала количина на плунка би можеле да имате и непријатен здив.
Доколку спиете со отворена уста, постои можност да се разбудите уморни. Недостатокот на воздух предизвикува чувство на умор, а спиењето со отворена уста значи и мал проток на кислород во белите дробови.
Уште една непријатна појава од овој начин на спиење се испукани и суви усни. А, причината поради која спиете со отврена уста е прекумерната тежина и проблеми со дишењето преку нос.