Консумирањето на три помали порции со млечни производи дневно може да ве заштити од срцеви болести и мозочен удар, покажуваат резултатите од најново истражување на оваа тема.
Млечните производи, како што се сирење и млеко, генерално не се на добар глас поради заситените масти кои ги содржат, но ново истражување, покажа дека со умерено консумирање овие производи можат да ви го заштитат срцето.
Истражувањето е спроведено во земји со низок и среден доход, во кои млечните производи помалку се консумираат.
Овие резултати можат да им послужат на луѓето во побогатите земји, во кои млечните производи се избегнуваат поради здравјето.
Умерена количина, три пати на ден, може да ви го заштити срцето, а не да му направи штета. Ние ги советуваме луѓето да консумираат повеќе млечни производи.
Загриженоста поради млечните производи, произлегува од фактот дека заситените масти го зголемуваат нивото на лошиот холестерол во крвта, кој е поврзан со болести на срцето.
Меѓутоа, во млечните производи постојат и состојки кои се добри за здравјето на луѓето, како што се посебни аминокиселини, незаситени масти, витамини К1 и К2, калциум, магнезиум и калиум.
Значи, главниот заклучок на ова истражување е дека се препорачува умерено консумирање на млечни производи во текот на денот, бидејќи на тој начин се намалува ризикот од срцеви заболувања.