Шеесетгодишен маж со иницијали Р.З. почина откако со товарно возило излета на регионалниот пат Прилеп-Кичево, во атар на село Русјаци.
Камионот удрил во дрво, а Р.З. на пат кон болницата во Прилеп им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.
Во камионот имало и 18 годишно момче од село Ковач-Македонски Брод, кое било пренесено во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди.