Паоло Дибала го демантира претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, дека побарал трансфер, незадоволен од статусот што го има во екипата.
Контроверзниот Зампарини, пред неколку дена, изјави дека Дибала во јануарскиот преоден рок ќе се пресели во Шпанија. Тој тврдеше дека трансферот ќе изнесува 120 милиони евра. Во својата изјава претседателот на Палермо, поранешниот тим на Дибала, го критикуваше и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
„Свесен сум дека не играм добро. Не ја започнав добро сезоната, не е како што беше минатата сезона. Сакам што поскоро да се вратам во Торино, да продолжам да работам и да го вратам своето место во тимот. Медиумите пишуваат глупости дека сакам да си одам во јануари, а јас со нетрпение чекам да почнам да играм за Јувентус“, рекол Дибала.
Дибала проговорил и за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.
„Благодарен сум што играв со Меси во репрезентацијата, а сега можам да играм и со Роналдо. Имаме одличен однос“.
Дибала е член на Јувентус од 2015 година.