Италијанските медиуми пишуваат дека францускиот репрезентативец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, му е понуден на Јувентус, меѓутоа тој би можел да остане во клубот, само доколку си замине актуелниот менаџер Жозе Мурињо, односно ако на негово место дојде Зинедин Зидан.
Погба е играч од школата на Манчестер Јунајтед, но откако не доби шанса кај Сер Алекс Фергусон во 2012 година стана член на Старата Дама, каде остана до 2016 година, кога повторно се врати во Јунајтед, во тогаш рекорден трансфер од 105 милиони евра.
Бројни извори сега пишуваат дека Погба сака да го напушти „Олд Трафорд“ и да се врати во Торино, соопштија дека неговиот агент Мино Рајола е во контакт со претставниците на Јувентус, со цел да ги убеди дека Пол Погба е подготвен за голем трансфер.
И понатаму како најголема пречка за неговото останување се смета Португалецот Жозе Мурињо.
Меѓутоа, целото тоа би можело да се промени ако Мурињо добие отказ, а на негово место да дојде поранешниот тренер на Кралевите, Зинедин Зидан.
Имено, како што тврдат италијанските медиуми, доколку би се случил ваков пресврт, и Зидан навистина стане тренер на Црвените Ѓаволи, тогаш Погба би немал ништо против да остане во Јунајтед, односно да ја промени својата одлука.
Погба не е во добри односи со Мурињо, а останува да видиме како управата на Јунајтед ќе одлучи, во врска со тоа кого сака да задржи, дали Погба или Мурињо.