Пожарот што се случи во Казнено-поправната установа во Охрид пред еден месец бил предизвикан од неизгасната цигара во соба во која бил сместен еден од затворениците кои издржувале затворска казна.
Полицијата соопшти дека постојат основи оти 20-годишно лице со иницијали Ч.Р. го предизвикало пожарот и против него е подесена кривична пријава.
За време на пожарот беа опожарени две простории. Како што тогаш соопшти полицијата, никој не е повреден.