Општина Бутел го одбележа Светскиот ден на глобално чистење
Денес,заедно со вработените во општинската администрација,организиравме општинска акција за одбележување на Светскиот ден на чистење 15 септември.
Вработените во општинската администрација ја чистеа поблиската и пошироката околина на општинската зграда ( околу амбулантата, споменикот и паркот, паркинзите, пазарот, училиштето, градинките, трговскиот центар.
Во текот на денешниот ден, акции за чистење се одржаа и во сите седум основни училишта на територијата на Општина Бутел за средување на нивните училишни дворови.
Овие наши активности се во пресрет на Светскиот ден на чистење, кој ќе се одржи утре, на 15.09.2018 г. кога милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го исчистат Светот во еден ден даде кратка изјава градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски