Околу 13.00 часот на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје 15-годишно момче од село Арачиново, скопско, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново- ученик во државно средно училиште.
Додека чекал автобус, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината.
Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.