Унгарскиот премиер, Виктор Орбан соопшти дека владата во понеделник ќе донесе одлука за правните чекори што ќе ги преземе за да се спротивстави на одлуката на Европскиот парламент.
Орбан во разговор на унгарско државно радио рекол оти очекува сериозна правна дебата во врска со оваа одлука.
ЕП претходно донесе одлука за почеток на казнена процедура против Будимпешта, поради непочитување на демократските стандарди на Унијата.