Автобус со босански ученици се судри со камион во Италија, возачот загина на лице место
Автобус кој пренесувал средношколци од Сараево се судри со камион утрово во Италија.
Во несреќата еден од возачите на автобусот загинал на лице место, додека 22 деца се повредени.
За време на судирот во автобусот се наоѓале 36 деца, а полицијата ја утврдува причината за трагедијата.
Повеќе детали најавуваат регионалните медиуми во текот на денот.